ОНЕ претстави одлична пост-пејд понуда за пензионерите

Објавено на 30.09.2013 во Новости



ОНЕ претстави одлична пост-пејд понуда за пензионерите

Операторот ОНЕ денеска ја претстави најновата Total S пост-пејд тарифа која е креирана во согласност со потребите на пензионерите. За месечна претплата од 279 денари сега повозрасните граѓаните добиваат бесплатен телефон Alcatel 2000, како и неограничени разговори во целата мрежа на ОНЕ и 40 минути кон останатите оператори.
 
 
Предноста на овој пост-пејд пакет е што бесплатниот телефон Alcatel 2000 е токму наменет за повозрасните лица со големи типки, прегледен екран и можност за испраќање на СОС итен повик. Понатаму во месечната претплата покрај неограничените бесплатни разговори кон фискните и мобилните линии на ОНЕ, се вклучени и бесплатни пораки и интернет.
 
Корисници може да станат сите граѓани во многу едноставна процедура во која се потребни само документ за лична идентификација и пензиски чек. Договорот се склучува на период од две години. Ова е втора посебна понуда креирана за пензионерите, откако претходно беше пуштена и фиксната тарифа со повеќе попусти и поволности за оваа категорија на граѓани, а своето задоволство го изрази и Здружението на пензионери.
Автор: Aleksandar Stankov