Amazon ќе им нуди таблети на книжарниците

Објавено на 07.11.2013 во Новости



Amazon ќе им нуди таблети на книжарниците

Amazon ќе воведе нова програма за партнерство со книжарниците на кои ќе им биде понудени да ги продаваат таблетите Kindle Fire на своите читатели, додека пак тие ќе добиваат процент од профитот остварен преку продажба на електронски книги.
 
 
Според изјавата на Amazon оваа програма се воведува со цел љубителите на книгата да имаат еднаква можност да читаат електронски содржини на таблетот Kindle Fire, а исто така да купуваат печатени книги од книжарниците.
 
 
Читателите кои навистина сакаат литературни дела или стрипови ги користат новите уреди за лесен пристап до електронски содржини, а на овој начин не се загрозува печатарската дејност која може само да профитира. 




Прочитајте повеќе: