Samsung Galaxy Note 3 со нови измени

Објавено на 29.11.2013 во Новости



Samsung Galaxy Note 3 со нови измени

Samsung Galaxy Note 3 е еден од најмоќните мобилни уреди на денешницата опремен со супер брз четири и осум процесор, 3 GB RAM и квалитетна 13 мегапикселна камера, а освен тоа привлекува и со својот изглед.
 
 
Токму затоа Samsung се реши да лансира две нови верзии на маската кои ќе се продаваат од декември. За почеток Samsung Galaxy Note 3 ќе се продава со нова црвена боја, a нешто подоцна и со златна боја во светла нијанса.
 
 
Samsung Galaxy Note 3 е можеби најквалитетно дизајнираниот телефон на Samsung кој има интересна задна површина заштитена со мека кожа, а исто така за него е наменета и посебна заштитна футрола.