Евтините ZTE Nubia Z5s и Z5s mini рушат рекорди

Објавено на 09.12.2013 во Новости



Евтините ZTE Nubia Z5s и Z5s mini рушат рекорди

Двата нови смартфони ZTE Nubia Z5S и Z5S Nubia mini на кинескиот производител кои беа промовирани неодамна ги срушија рекордите на домашниот пазар откако досега се регистрирани над 2.5 милиони нарачки.
 
 
ZTE во стилот на најдобрите производител создаде два одлични смартфони кои ќе се натпреваруваат во високата класа, а најмногу внимание привлекуваат со нивната достапна цена. ZTE Nubia Z5s ќе се продава за 330 долари додека пак ZTE Nubia Z5s mini по уште пониски 250 долари.
 
 
ZTE Nubia Z5s има 5 инчен Full HD Igzo екран, четири-јадрен Qualcomm Snapdragon 800 процесор со брзина од 2.3 GHz, 2 GB RAM, 16 GB вградена меморија, 13 мегапикселна камера и одлична Li-Ion батерија од 2300 mAh. Смартфонот го краси и одличен дизајн со минимални димензии.
 
 
Неговиот помал брат ZTE Nubia Z5s mini има 4.7 инчен екран со HD резолуција 720 x 1280 пиксели дво-јадрен Qualcomm Snapdragon 600 процесор со брзина од 1.7 GHz, 2 GB RAM, 16 GB вградена меморија и 13 мегапикселна камера. Двата смартфони наскоро се очекуваат и на европскиот пазар каде се надеваме дека ќе ја одржат оваа многу достапна цена за купувачите.