ZTE го подготвува Grand S EXT со нанотехнологија

Објавено на 11.03.2014 во Новости



ZTE го подготвува Grand S EXT со нанотехнологија

Вљубениците во дизајнот и новите техники сигурно ќе бидат воодушевени од ZTE кој за својот најнов смартфон ќе искористи невобичаен процес наречен Nano Molding Technology кој овозможува спојување, односно претопување на пластиката и металот.
 
 
На овој начин ќе се постигне многу поевтино и поефикасно производство, а телото на смартфонот ќе се содржи од еден дел, поточно со т.н ubibody концепт кој беше искористен и кај HTC One. Со Nano Molding Technology смартфонот може да добие многу компактна форма и одреден степен на закривенст, како и цврстина на градбата поради вметнатиот метал. За ZTE Grand S EXT не е познато кога ќе биде официјално промовиран, ниту пак се познати официјалните спецификации, но повеќе информации очекуваме наскоро.