Оне најави нов атрактивен постпејд тарифен модел

Објавено на 17.04.2014 во Новости



Оне најави нов атрактивен постпејд тарифен модел

Операторот ОНЕ најави дека од денес, 17-ти април воведува уште еден промотивен тарифен модел во мобилната постпејд понуда. Според нив се работи за најконкурентниот тарифен модел на пазарот, а тоа е новиот SELECT Promo S кој е достапен за месечна претплата од само 499 денари, а со него корисниците добиваат повеќе поволности.

  • Неограничени разговори кон сите национални мрежи
  • 3 GB мобилен интернет и
  • Одличен смартфон LG Optimus L1 II за 0 денари или попуст од 3000 денари за телефон по избор на корисникот

SELECT Promo S е достапен за нови корисници, но и за обнови во резидентен и бизнис сегмент со договор на 24 месеци. Понудата е промотивна и важи ограничен временски период. Оне го промовира пакетот непосредно по сличните понуди на конкурентите, што може да се оцени како одговор во постпејд сегментот.