Три кинески ѕвера - Премиум смартфони за кои не знаете

Објавено на 29.04.2014 во Новости



Три кинески ѕвера - Премиум смартфони за кои не знаете

Мобилната индустрија се развива толку брзо што традиционалните и добро познати брендови мора секогаш да бидат поиновативни и креативни за да останат на врвот, додека пак новите конкуренти најавуваат дека наскоро доаѓа нивното време. Тука пред се фигурираат брендовите од Кина кои поседуваат врвна технологија, имаат одличен дизајн, висок квалитет, а најважно многу пониски цени. Затоа сега ќе им посветиме повеќе внимание на големото трио со модели на VIVO, Sharp и IUNI.
 
 
Најпознат за нашите читатели сигурно е првиот Quad HD смартфон на светот Vivo Play 3s кој има неверојатен дисплеј од 6 инчи со рекордна резолуција од 2560 х 1440 пиксели. Vivo Play 3s е вистинско чудовиште за перформанси со четири-јадрен Qualcomm Snapdragon 800 процесор, со 2 GB RAM, 13 MP камера и супер батерија со капацитет од 3400 mah.
 
 
Следен на листата е речиси непознатиот кинески воин IUNI U2 кој се уште не е прикажан пред светската јавност. IUNI U2 има алиминиумско тело идентично како кај HTC One, екран со големина од 4.7 инчи со Full HD резолуција, 3 GB RAM, четири-јадрен Qualcomm Snapdragon 800 процесор, 16 мегапикселна камера и сето тоа по цена од само 220 евра.
 
 
За на крај го оставаме фаворитот од сенка Sharp Aquos Xx 304SH кој можеби има многу комплицирано име, но со многу импресивна листа на спецификации. Се работи за смартфон со 5.2 инчен IGZO дисплеј, IP57 сертификат за отпорност на вода и прашина, моќен четири јадрен Qualcomm Snapdragon 805 процесор, 2 GB RAM и 13 мегапикселна камера. За жал повеќето премиум смартфони од Кина кои се продаваат по цена од околу 250 евра ги нема во Европа и единствено може да се порачаат преку интернет.
 
Автор
 
Христијан Станоевиќ