Сега сите нудат iPhone 5s

Објавено на 16.05.2014 во Новости



Сега сите нудат iPhone 5s

Мобилниот оператор ОНЕ ја збогатува својата понуда со три нови тарифни модели, а воедно и своето портфолио на телефони со премиум смартфонот iPhone 5S кој ќе биде еден од главните за привлекување на корисниците. 

Веќе од денес, 16 мај, ОНЕ станува втор официјален дистрибутер на iPhone во Македонија, а сите постпејд корисници на ОНЕ, постоечки пред обнова на договор и нови корисници, можат да станат сопственици на најдобриот телефон и најдобрата понуда во постпејд. ОНЕ ги воведува: iPhone ONE L, iPhone ONE M и iPhone ONE S достапни единствено со последните iPhone модели.

iPhone 5s спасува животи

iPhone 5S 16 GB е достапен во три бои GOLD,SPACE GRAY и SILVER по цена од 7.990 денари со тарифниот модел iPhone ONE L кој за 3.199 денари/месечно нуди:

  • Неограничени разговори кон цела ОНЕ мрежа
  • Бесплатни разговори кон останатите национални мрежи
  • 20 GВ вклучен интернет и
  • 200 минути за меѓународни разговори и дојдовен роаминг

iPhone 5S 16 GB е достапен по цена од 17.990 денари со тарифниoт модел iPhone ONE M за 1.599 денари/месечнa претплата и по цена од 21.990 денари во тарифниот модел iPhone ONE S за 799 денари/месечна претплата со кои корисниците добиваат и вклучени неограничени минути за разговори кон цела ОНЕ мрежа, разговори кон другите национални мрежи и до 10 GВ вклучен бесплатен сообраќај за мобилен интернет.