HTC One Remix е нов мистериозен смартфон

Објавено на 17.05.2014 во Новости



HTC One Remix е нов мистериозен смартфон

HTC најверојатно подготвува нова верзија на премиум смартфонот наречена HTC One Remix кој се уште е голема мистерија. Засега е откриено само дека смартфонот најпрво ќе биде лансиран за американскиот оператор Verizon.
 
 
Во игра се повеќе теории за функциите на HTC One Remix според кои смартфонот можеби ќе дојде со посебен кориснички интерфејс и дополнителен софтвер посветен на музиката со различни апликации, а постои и можност да се работи за лимитирана серија која ќе биде многу поскапа од вообичаената во зависност од додатоците во дизајнот.
 
Автор: Aleksandar Stankov