Со свои очи на СП Бразил 2014

Објавено на 05.06.2014 во Новости



Со свои очи на СП Бразил 2014

Љубители на фудбалот од 12 јуни до 13 јули ќе ја слават најважната споредна работа во светот воодушевувајќи на врвните пресметки меѓу фудбалските херои, а домаќинот Бразил ќе се погрижи Светското првенство да биде незаборавно. Во овој дух и Google го даде својот придонес овозможувајќи им на фановите на фудбалот да ѕирнат како е на фудбалските арени во Бразил.
 
 
Како дел од Google Maps проектот изработени се вуртуелни тури на стадионите на кои ќе се одиграат натпреварите од Светското првенство и ќе имате одлична можност одблиску да ги запознаете 12-те фудбалски арени.
 
 
Пред почетокот на првенството Бразил се уште се соочува со критики дека стадионите, меѓу кои и Итакерао во Сао Паоло, каде ќе се игра и полуфинале, не се навремено и целосно изградени, но тоа нема да ја спречи фудбалската магија, бидејќи организаторот вети комплетирање на подготовките за навремен старт на Светскиот куп.