Еве како ќе изгледа Samsung со Tizen OS

Објавено на 06.06.2014 во Новости



Еве како ќе изгледа Samsung со Tizen OS

Samsung Mobile неодамна го најави Samsung Z првиот смартфон кој ќе работи на новата софтверска платформа  Tizen OS која ќе се разликува од софтверската понуда на Android, но затоа пак ќе бидат задржани клучните апликации кои може да се најдат и кај врвните Galaxy уреди.
 
 
На интернет се појави прво демо видео од софтверот на Tizen OS од кое може да погледнеме како ќе биде организирано менито, почетните панели, листата на апликации и контролниот центар со брзи активации на клучните опции.

Дизајнот навистина се разликува од останатите софтверски мобилни платформи но, Tizen OS воопшто не заостанува во поглед на функционалноста и има повеќе опции за мултитаскинг. Софтвер ќе биде збогатен и со апликации како S Health за следење на физичките активности, надополнети со Heart Rate сензорот на Samsung Z.
 
Автор: Aleksandar Stankov