Samsung Galaxy S5 е најмодерниот смартфон
Објавено на 08.06.2014 во Новости
Samsung Mobile не запира со снимање на нови реклами и креирање на различни маркетинг кампањи поврзани со најновите Galaxy уреди кои овој пат се обидуваат да го освојат светот на модата преку соработка и фотосесија со модното списание Vogue.
Сосема разбирливо е Samsung Galaxy S5 да се промовира како модерен смартфон, со одлична естетика на дизајнот и висок стил, додека пак двата преносни уреди Samsung Gear 2 и Gear Fit, покрај своите смарт функции и следење на фитнес активностите, служат и како моден додаток, еден вид на модна изјава исто како и убавите рачни часовници или накит.
При снимањето на рекламата со Vogue ангажирана е британската фотомоделка Елиза Камингс, која со различни модни комбинации покажа дека Samsung Galaxy S5 и Galaxy Gear уредите може одлично да се применат во стилот на секој млад човек. Можеби оваа реклама нема да биде доволна за некој веднаш да отиде во продавница и да купи нов скап смартфон, но Samsung полека ја остварува својата цел, а тоа е да го поттисне и замени Apple како „кул“ бренд.
Автор
Христијан Станоевиќ
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Telefoni.mk.