HTC One M8 Windows има фантастична камера

Објавено на 25.08.2014 во Новости



HTC One M8 Windows има фантастична камера

HTC е во центарот на вниманието со неодамна лансираниот HTC One M8 Windows кој досега се покажа одлично и нуди интересен спој на квалитетен и префинет дизајн, моќен хардвер и комбиниран софтвер со оперативен систем Windows Phone 8.1 и апликациите од HTC Sense 6.0. Затоа HTC се обидува да ги претстави неговите најсилни адути кои се наоѓаат во мултимедијата.
 
 
HTC One M8 Windows исто како и Android верзијата користи Ultrapixel камера која има само 4 мегапиксели и не е омилена меѓу фановите но, затоа пак има одлична апаратура и секако корисен софтвер со повеќе апликации за уредување на сликите. Со HTC Camera може да го менувате фокусот на сликата поради примената на двојниот сензор, како и да ја менувате позадината или предниот објект со различни ефекти.

Со вакви можности корисниците сигурно ќе прават многу слики од омилените патувања, моменти и дружби, па затоа на располагање е и опцијата Video Highlights која од вашите слики прави кратко видео со музика во позадина по ваш избор и дополнителни ефекти. Откако ќе го креирате, за што треба само неколку минути, може веднаш да го поставите и споделите со вашите пријатели на Facebook.