Пензионерите пак ќе се офајдат со новата понуда на ОНЕ

Објавено на 04.09.2014 во Новости



Пензионерите пак ќе се офајдат со новата понуда на ОНЕ

Операторот ОНЕ откако во пролетта промовираше посебна понуда за мобилна телефонија за пензионери сега ја најави и новата тарифа за фиксна телефонија со мини Boom TV пакет која пензионерите ќе ги чини само 348 денари месечно.

Со фиксната линија на ОНЕ пензионерите во Македонија добиваат: поволни цени за разговор, иста цена за локални и национални разговори, но и бесплатен фиксен безжичен уред Panasonic KX-TG1611, лесен за инсталација и без надоместок за приклучок.

Mini Boom TV на ОНЕ е наједноставно решение за пензионерите да ги следат, со кристално јасна слика и звук, сите национални и балкански телевизиски канали: Сител, Канал 5, Алсат М, Телма, Алфа, МТВ 1, МТВ 2, МТВ 3, Наша ТВ, Сител 3, Канал 5+, DM Sat, RTS, RTV 21, Jugoton и KlasikTV, но и сите македонски регионални канали, достапни во зависност од регионот.  BoomTVуредот е лесен и брз за инсталација, а истиот е и лесно пренослив, па така пензионерите можат да го користат секаде, каде и да патуваат низ Македонија.

Телекомуникацискиот оператор ОНЕ беше првиот кој воведе олеснета процедура за склучување договор за сите пензионери во Македонија.  Кај нас пензионерите можат да склучат договор на 24 месеци само со пензиски чек и документ за лична идентификација. Понудите кои ги креираме за нив се најконкурентни и исклучително поволни и не го оптоваруваат скромниот пензионерски буџет. Ние во ОНЕ веруваме дека пензионерите го заслужуваат тоа- изјави Виктор Доневски, Главен маркетинг директор.

Во своето производно портфолио ОНЕ нуди и мобилна телефонија за пензионери за само 279 денари/месечно. 

Автор: Aleksandar Stankov