HTC се уплаши и го откажа смарт часовникот

Објавено на 07.09.2014 во Новости



HTC се уплаши и го откажа смарт часовникот

HTC најверојатно одлучил да се откаже од плановите за пласман на смарт часовник, наводно поради големата конкуренција на пазарот составена од премногу добри уреди како Samsung Gear S, LG G Watch R, Motorola Moto 360 и Asus Zen Watch, а наскоро треба да се појави и iWatch на Apple.
 
 
HTC требаше да лансира смарт часовник со софтверот Android Wear, како и втор модел со сопствен HTC Sense интерфејс, но попаметно во овој момент е да се заштедат ресурсите на компанијата на попрофитабилни проекти и да го насочи фокусот на понудата на смартфони. 
 
 
HTC не е гигант како Samsung, LG, Sony и Apple да троши премногу пари на маркетинг и промоција, бидејќи овие фактори ќе бидат клучни во привлекувањето на купувачите. Сепак, наша оценка е дека ова е лоша одлука бидејќи добриот производ и покрај се е клучен за успех, а не само маркетинг трикови и популарност на брендот.