Оне ја врати припејд понудата 100 за 300

Објавено на 19.09.2014 во Новости



Оне ја врати припејд понудата 100 за 300

ОНЕ 19 септември ја врќа атрактивната промоција со што сите сите припејд корисници за своите 100 денари добиваат 300 денари, односно три пати повеќе кредит. Со промоцијата секој при-пејд корисник на ОНЕ и ЏаБест кој има најмалку 100 денари на својата сметка, може да ја активира оваа понуда и за своите 100 да добие дури 300 денари кредит.

Доделениот кредит од 300 денари корисникот може да го користи во период од 10 дена за речиси сите услуги што ОНЕ ги нуди на своите при-пејд корисници:  разговори кон сите мрежи, SMS, MMS, интернет, услуги со додадена вредност и одредени неделни и месечни пакети за разговори и интернет од актуелната понуда на ОНЕ.

Понудата е достапна за сите при-пејд корисници на мобилната телефонија на ОНЕ и ЏаБест и истата може да се активира на секои 10 дена, со јавување на бесплатниот број 1450, испраќање SMS на бесплатниот број 181 со текст “300 START” или во сите продажни места на ОНЕ. 

Автор: Aleksandar Stankov