Sony Xperia Z3 е новиот крал со најиздржлива батерија

Објавено на 23.09.2014 во Новости



Sony Xperia Z3 е новиот крал со најиздржлива батерија

Според најновите тестирања на премиум смартфоните Sony Xperia Z3 ја освојува круната бидејќи има најиздржлива батерија со капацитет од 3100 mAh сместена во ултра тенко тело од 7.1 милиметар, што дава дополнителна тежина на целиот подвиг.
 
Еве зошто Sony Xperia Z3 го има најсовршениот дисплеј
 
На тестовите на издржливост Sony Xperia Z3 може да работи околу 9 часа и 30 минути со различни задачи како гледање на видеа, користење на интернет, разговори, праќање на СМС пораки и други операции. 
 
 
На второто место се наоѓа металецот Huawei Ascend Mate 7 кој иако има мега батерија од дури 4000 mAh издржува 9 часа. На третото место е уште еден јапонец, Sony Xperia Z2 кој достигнува 8 часа и 10 минути, додека пак Samsung Galaxy S5 и HTC One M8 се единствени на оваа листа со над 7 часа активна работа, а зад нив се iPhone 6 Plus, LG G3 и Samsung Galaxy Note 3 кои издржуваат во просек нешто над 6 часа.