Оне со сериозно добра понуда за постпејд

Објавено на 10.10.2014 во Новости



Оне со сериозно добра понуда за постпејд

Македонскиот оператор ОНЕ од 10 октомври ќе лансира нова супер атрактивна промоција во постпејд сегментот. Единствено во ОНЕ се до истекот на промотивниот период, корисниците кои ќе го изберат новиот постпејд пакет СМАРТ М Плус ќе зборуваат и испраќаат СМС пораки кон сите мрежи без ограничувања на времето и бројот на пораките, опуштено ќе сурфаат на мобилен интернет, а притоа и бесплатно ќе добијат одличен смарт телефон.

Новиот СМАРТ М Плус е единствен по своите карактеристики и во моментот најконкурентен постпејд на пазарот кој за само 599 денари месечна претплата нуди:

  • неограничени разговори кон сите национални мрежи
  • неограничени СМС пораки кон сите национални мрежи
  • 20GBмобилен интернет секој месец и
  • смарт телефон LG 40 за 0 денари

Промоцијата важи за сите нови, но и постоечки приватни и бизнис постпејд корисници на ОНЕ кои ќе направат обнова на договорот на нови 24 месеци.

Корисниците кои немаат потреба од нов телефон, може да изберат СМАРТ М тарифен модел, со истите поволности во однос на неограничените разговори и СМС пораки и 20 GB мобилен интернет за само 499 денари месечна претплата.

Дополнителнокорисниците кои ќе одлучат да го префрлат својот број од другите мрежи во мрежата на ОНЕ, ќе добијат и попуст за нов мобилен телефон.