HTC Weather огреа во Play Store

Објавено на 08.11.2014 во Android



HTC Weather огреа во Play Store

HTC објави уште една стандардна апликација во Play Store од каде ќе може сите корисници да ја превземат за својот смартфон и на полесен начин да ги добиваат сите надградби. 
 
HTC Weather - screenshot thumbnail
 
Станува збор за HTC Weather која има одличен приказ на временската прогноза и досега повеќе пати беше надоградувана со нов дизајн кој го достигна врвот во корисничкиот интерфејс HTC Sense 6.0.
 
HTC Weather - screenshot thumbnail
 
HTC Weather нуди богат приказ на информации за временската прогноза за наредните часови и денови во неделата, заедно со детали за јачината не ветерот, шансите за дожд, влажност, изгревање и заоѓање на сонцето. 
 
HTC Weather - screenshot thumbnail
 
Сосема разбирливо HTC Weather е наменета за уредите кои работат на HTC Sense интерфејсот и од Play Store ќе може автоматски да ги добиваат сите новитети.
Автор: Aleksandar Stankov