HTC One M8 и HTC One M7 ќе се почастат со Lollipop

Објавено на 06.12.2014 во Новости



HTC One M8 и HTC One M7 ќе се почастат со Lollipop

Корисниците на Google Play верзиите на HTC One M8 и HTC One M7 во текот на наредните денови ќе ја добијат надградбата на оперативниот систем со најновата верзија Android 5.0 Lollipop која ќе покаже како ќе функционира новиот софтвер со корисничкиот интерфејс HTC Sense.
 
 
Целосната надградбата на сите модели на HTC One M8 и HTC One M7 би требало да пристигне за отприлика два месеци, односно на почетокот на 2015 година кога корисниците ќе ги добијат сите новитети како новиот Material дизајн, нови опции во менито settings, нов приказ на последно активираните апликации и подобрена работа на батеријата.




Прочитајте повеќе: