Апликација на денот - Opera 9 за iOs 8 со Video Booster
Објавено на 09.11.2014 во iOs
Opera mini 9 е одличен интернет прелистувач доколку сакате вашата интернет конекција да биде што е можно поефикасна и помалку да троши сообраќај. Новата верзија на Opera mini за iOs 8 нуди уште подобра искористеност на конекцијата при гледање на видеа на канали како YouTube.
Со новата опција Video Boost сите видеа претходно се оптимизираат со смалување на нивната големина и се намалува времето потребно за buffering што дефинитивно ќе ви заштеди од интернет сообраќајот.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Telefoni.mk.