Подгответе се за јака зима - Доаѓа HTC One M9

Објавено на 11.11.2014 во Новости



Подгответе се за јака зима - Доаѓа HTC One M9

Пред да започнеме со извештајот за новиот премиум смартфон на HTC само сакаме да истакнеме дека името M9 баш и не ни се допаѓа и очекуваме нешто покреативно, но во делот на спецификациите немаме никакви забелешки бидејќи се одлични.
 
HTC One M9 се претпоставува дека ќе има 5.2 инчен Quad HD дисплеј со резолуција од 2560 х 1440 пиксели што ќе резултира со одлична густина на сликата од 564ppi, хардверот ќе биде составен од моќен процесор од Qualcomm, потоа ќе има 3 GB RAM, 32, 64 и 128 GB меморија, додека пак за софтверот сосема разбирливо е дека ќе биде искористена најновата верзија на оперативниот систем Android 5.0 Lollipop.
 
HTC би требало да продолжи со употреба на алиминиум и премиум материјали на градба, но во визуелниот дел очекуваме поголеми промени за да не дојде до повторување на дизајнот од првите два Оne смартфони. HTC One M9 би требало да биде готов до февруари и ќе биде доволно моќен за да се спротистави на Samsung Galaxy S6.