Апликација на денот - C Note ќе ве известува за сите новости

Објавено на 04.12.2014 во Android



Апликација на денот - C Note ќе ве известува за сите новости

Имате ли проблем со приемот на известувањата и новитетите на вашиот смартфон, кои ги пропуштате и не може навремено да одговорите на порака или повик. Тоа ќе се промени целосно со C Notice апликацијата која нуди нов начин на приказ на известувањата во pop up прозорчиња на вашиот екран.
 
C Notice - screenshot
 
Известувањата „лебдат“ на екранот и може веднаш да ги активирате или пак само да ги прегледате, а кога ќе имате време да започнете интеракција. Со C Notice може да одберете да ви пристигнуваат известувања за пропуштени SMS и email пораки, телефонски повици, како и новитети од социјалните мрежи, апликациите кои ги користите и закажани настани во календарот и потсетници.
 
C Notice - screenshot
 
Одредени дополнителни прилагодувања за формата на pop up прозорчиња се доплаќаат, а основната апликација C Notice е бесплатна за користење за Android и може да ја најдете во Google Play.