Tribler е нов торент кој не може да го срушат

Објавено на 21.12.2014 во Новости



Tribler е нов торент кој не може да го срушат

Делфт Универзитетот за технологија го претстави новиот торент клиент Tribler за кој се тврди дека е практично невозможно да биде срушен и отстранет од интернет, а на корисниците ќе им понуди вистинска приватност и сокривање на IP адресата.
 
 
Tribler својата активност не ја реализира преку централизирана мрежа на сервери, туку работи децентрализирано и не може да се лоцира, а може да функционира и кога ќе бидат исклучени индексите и машините за интернет пребарување.
 
 
 
Идејата на истражувачите од Делфт Универзитетот е да ја гарантираат слободата на интернет при пренос на податоци, зачувување на приватноста преку креирање на маскирани адреси поврзувајќи се со анонимната мрежа Tor, потоа гаранција дека комуникацијата ќе се одржи без оглед на нападите од страна на властите и споделување на одговорноста меѓу сите корисници.