Galaxy Tab 5 ќе биде новата евтина серија на таблети на Samsung

Објавено на 29.12.2014 во Новости



Galaxy Tab 5 ќе биде новата евтина серија на таблети на Samsung

Samsung подготвува нова евтина Galaxy Tab 5 серија на таблети која ќе започне со најмалиот и најевтин уред од 7 инчи. Моделот се води под бројот SM-T1116 и од првите тестови кои протекоа на интернет ќе работи на четири-јадрен Speadtrum процесор од 1.2 GHz, 1 GB RAM и 16 GB меморија. 
 
 
Серијата на Galaxy Tab 5 ќе продолжи со 10 инчен таблет кој ќе има помоќен четири-јадрен Qualcomm Snapdragon 410 процесор од 1.2 GHz компатибилен со 64 битна технологија. На овие два таблети најверојатно друштво ќе им прави и поголем уред со големина од над 12 инчи но, за него се уште нема потврдени информации. 
 
 
Заедничко на сите таблети им е што ќе работат на најновата верзија на оперативниот систем Android 5.0 Lollipop. Galaxy Tab 5 серијата ќе биде промовирана во текот на пролетта 2015 година и цената на таблетите ќе се движи од 350 до 450 долари.