Со HTC Sense 7 ќе креирате ваш Аватар

Објавено на 03.01.2015 во Новости



Со HTC Sense 7 ќе креирате ваш Аватар

HTC Sense 7 е се уште неофицијална нова верзија на корисничкиот интерфејс на HTC смартфоните, но бидејќи се ближи датумот на промоција на новите уреди се почесто гледаме и протекување на нови функции.
 
 
Меѓу најновите функции на HTC Sense 7 е откриена можноста за креирање на ваш Аватар кој ќе служи за идентификација на вашиот HTC смартфон, како и негово користење при регистрација на профили и кориснички сметки. Основната верзија на Android веќе има опција за креирање на профил, но освен ставање на една слика нема голем број на додатоци. 
 
 
HTC Sense 7 ќе биде пуштен заедно со новиот HTC One M9, а потоа ќе биде доставен и до останатите HTC смартфони од поновата генерација во текот на пролетта.