Први слики од најевтиниот Samsung Galaxy J1 смартфон

Објавено на 13.01.2015 во Новости



Први слики од најевтиниот Samsung Galaxy J1 смартфон

Подолго време се шпекулираше дека Samsung подготвува нова Galaxy J серија на евтини смартфони кои за мала сума на пари ќе понудат пристојни перформанси и сега благодарение на SamMobile конечно се појавуваат првите слики од основниот модел Samsung Galaxy J1.
 
 
Според првичните информации Samsung Galaxy J1 ќе има 4.3 инчен дисплеј со ниска резолуција од 480 x 800 пиксели, а главниот адут ќе биде 64 битниот Marvell PXA1908 со четири јадра од 1.3 GHz, како и 1 GB RAM, 4 GB меморија, 5 мегапикселна камера, 4G LTE конекција и батерија од 1850 mAh.
 
 
Софтверот на Samsung Galaxy J1 ќе биде обновен со Android 4.4 KitKat, како и нови функции во интерфејсот превземени од премиум моделите како Ultra Power Saving Mode апликацијата за заштеда на батеријата. Samsung Galaxy J1 очекуваме да пристигне во февруару по цена од 100 до 150 долари.