HTC OneWatch ќе му асистира на HTC One M9

Објавено на 19.01.2015 во Смарт часовници



HTC OneWatch ќе му асистира на HTC One M9

HTC пред една година најави дека ќе лансира смарт часовник, но подоцна се предомисли откако процени дека пазарот е презаситен со часовници на Samsung, Sony, LG и Motorola и дека се уште нема капацитет за таков подвиг, па затоа и HTC One M8 не доби друштво. 
 
 
Сега, повторно на површина излегуваат слични информации, односно дека смарт часовникот HTC OneWatch конечно е подготвен и ќе се појави заедно со HTC One M9 на сцената на MWC на 1 март, но треба да истакнеме дека постои можност за истото сценарио од лани. 
 
За часовникот се уште нема голем број на потврдени информации, освен што ќе биде дел од Android Wear платформата и ќе понуди фитнес софтвер преку партнерството со Under Armour.