Луда маска за iPhone која се претвора во Бетмобил

Објавено на 04.02.2015 во Додатоци



Луда маска за iPhone која се претвора во Бетмобил

Корисниците во Азија се познати по купувањето на откачени маски за смартфон на пример во форма на лебарки, но овој пат мора да им признаеме дека малку им завидуваме поради најновата луда Бетмобил маска за iPhone.
 
 
За помладата читателска публика која нема да го препознае Бетмобилот да потсетиме дека се работи за моделот кој се користеше во филмовите за Бетмен на Тим Бартон во 1989 година со кои пораснаа децата родени на крајот на осумдесетите и почетокот на деведесетите. Можеби овој Бетмобил не е атрактивен како и Тамблерот на Кристофер Нолан од последната трилогија за Темниот витез но, е доволно атрактивна бидејќи буди спомени од детството.
 
 
Што се однесува на самата маска освен кул факторот тешко дека може да ја оцениме како премногу практична бидејќи изгледа премногу гломазно и ќе биде чудно кога ќе го носите телефонот во џеб. Задоволството да имате Бетмобил маска ќе ве чини 50 долари, а што мислите вие дали Бетмен користи iPhone или Android смартфон.