Смарт часовникот на Swatch нема потреба да се полни

Објавено на 08.02.2015 во Смарт часовници



Смарт часовникот на Swatch нема потреба да се полни

Луксузниот бренд Swatch најверојатно ќе се вмеша во понудата на паметни часовници со екстра квалитетен модел кој ќе нема потреба од полнење на батеријата, а притоа ќе може да се поврзе на интернет.
 
 
Од Swatch не откриваат на каков механизам ќе работи овој паметен часовник, дали ќе се полни со кинетичка или соларна енергија, туку само соопштија дека ќе може да се поврзе со било кој Android или Windows смартфон. 
 
 
Цената, спецификациите и датумот на продажба не се потврдени но, очекуваме силен конкурент на Apple Watch во премиум класата и понуда на нов коцепт кој може да донесе пресврт со батерија која не се празни.