Alcatel го откри новиот херој со Cyanogen систем

Објавено на 03.03.2015 во Новости



Alcatel го откри новиот херој со Cyanogen систем

Alcatel приреди големо изненадување со новиот Hero 2+ фаблет кој од самиот старт ќе работи со посебната верзија на Android наречена Cyanogen Mod, како еден од најдобрите независни кустумизирани системи со голем број на промени во софтверскиот пакет и апликации кои вообичаено за да ги користите треба да направите Root на вашиот смартфон.
 
Alcatel Hero 2+ токму затоа е интересен смартфон кој не претерува ниту со цената од 299 долари, а за тие пари нуди 6 инчен Full HD дисплеј заштитен со Dragontrail стакло, осум-јадрен Mediatek процесор, 2 GB RAM, 16 GB меморија, 13 мегапикселна главна камера со оптичка стабилизација на сликата, 5 мегапикселна предна камера за селфи и 4G LTE конекција.
 
Лансирањето на Alcatel Hero 2+ ќе започне во текот на летото и ќе може да се купи преку онлајн продавницата на Alcatel, а се уште не е познато дали ќе биде понуден преку операторите и продавниците за електроника.