Asus ZenFone 2 - Зен мастер меѓу смартфоните
Објавено на 14.03.2015 во Новости
Asus не е сместен меѓу најпопуларните брендови во мобилната индустрија, но со новиот ZenFone 2 навистина заслужува да ги добие сите пофалби, како и вниманието на купувачите бидејќи нуди екстра смартфон со најнова технологија кој ќе се продава по многу ниска цена од само 200 евра.
Asus ZenFone 2 е прилично моќен смартфон кој го заслужува епитетот зен мастер бидејќи нуди 5 инчен HD дисплеј, работи на четири-јадрен Intel Atom процесор со рекордни 4 GB RAM, 16 или 32 GB меморија, 13 MP Pixel Master камера со LED блиц во две бои, 8 мегапикселна селфи камера со панорама од 140 степени, како и батерија со капацитет од 3000 mAh.
Наскоро треба да се одржи и европската промоција на Asus ZenFone 2 кој во април треба да биде пуштен во продажба, па од следното видео може да ги дознаете сите негови адути.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Telefoni.mk.