HTC One E9 Plus ќе направи голем пресврт - Бомба смартфон

Објавено на 25.03.2015 во Новости



HTC One E9 Plus ќе направи голем пресврт - Бомба смартфон

HTC претрпе смена на главниот извршен директро Питер Чо кој си поднесе оставка од се поголемиот притисок врз компанијата која не успеа да ги воодушеви фановите со HTC One М9, па затоа ќе мора многу брзо да понуди нешто ново и помоќно за да се одржи на врвот со Samsung. Пресвртот може да го направи новиот HTC One E9 Plus кој се појави изненадно и ќе ги донесе сите моќни елементи кои ги бараат корисниците.
 
 
HTC One E9 Plus ќе располага со 5.5 инчен Quad HD дисплеј со резолуција од 2560 х 1440 пиксели, 64 битен осум-јадрен MediaTek MT-6795 процесор од 2.2 GHz, 3 GB RAM, 32 GB меморија, 13 мегапикселна камера, 4MP Ultrapixel камера на предната страна, батерија со капацитет од 2800mAh, како и Android 5.0 оперативен систем со најновата верзија на HTC Sense 7.0 интерфејсoт.
 
Главниот момент кај HTC One E9 Plus е употребата на MediaTek процесор кој е поевтин од Qualcomm но, со речиси истите можности и перформанси, а нема ниту никакви критики за прегревања како кај Snapdragon 810, така што тоа е двојна предност. Затоа со цена од околу 450 долари веруваме дека HTC One E9 Plus надополнет со Quad HD дисплеј ќе биде вистински шампион и очекуваме наскоро и официјално да биде претставен.