Откриен e супер моќниот и евтин HTC One E9 Plus

Објавено на 29.03.2015 во Новости



Откриен e супер моќниот и евтин HTC One E9 Plus

HTC најверојатно ќе лансира не само еден туку уште три смартфони кои ќе се базираат на основниот модел HTC One М9. Откако сите се разочаравме дека нема веднаш да го видиме HTC One М9 Plus се појавија информации дека по него ќе следи нешто поевтин модел HTC One E9, а сега откриваме дека трендот ќе продолжи и со HTC One E9 Plus.
 
 
За да нема забуни околу именувањето E серијата на HTC One ќе биде поевтина и наместо алиминиумски unibody дизајн ќе примени пластични материјали, а осум-јадрениот Qualcomm Snapdragon 810 процесор ќе биде заменет со Mediatek. Plus додавката ќе биде наменета за телефоните со поголем екран и за нијанса подобри спецификации во двете класи.
 
 
Кога се разјаснивме сега ќе се фокусираме и на HTC One E9 Plus кој според досегашните информации ќе има 5.5 инчен Quad HD дисплеј, ќе работи на 64 битен Mediatek True Octa-Core процесор, 3 GB RAM, 16 GB меморија, 16 MP главна камера, 8 мегапикселна селфи камера, како и батерија со капацитет од 2800 mAh. Сите три нови HTC One смартфони очекуваме да се појават во текот на април, со наша прогноза дека HTC One E9 моделите ќе бидат промовирани најпрво на кинескиот пазар.