Chrome за iOs 8 доби многу нови корисни финти
Објавено на 17.04.2015 во iOs
Google ја лансираше најновата верзија на интернет прелистувачот Chrome кој конечно ги користи сите можности на системот iOs 8 и внесува неколку корисни трикови за побрзо сурфање низ интернет како активирање на виџет на почетното мени и интерграција со екстензиите за поврзување со надворешни апликации.
Меѓу новитети е можноста за директно пребарување на Google Search oд самиот Today виџет со гласовни команди на кој исто така ќе бидат прикажани копираните линкови од веб страните кои сакате да ги отворите. Во новиот Chrome за iOs 8 има уште еден трик, а тоа е повлекување на страната од врвот надолу за refresh.
Chrome сега може да користи и екстензии за iOs 8 со поврзување на надворешни апликации кои се активираат со интернет и може да се пренесат многу информации, на пример при пребарување за нови филмови директно да резервирате билет за кино. Новиот Chrome за iOs 8 може веднаш да го превземете од App Store.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Telefoni.mk.