Телефон од соништата - Xperia P2 со екстра дизајн

Објавено на 28.04.2015 во Новости



Телефон од соништата - Xperia P2 со екстра дизајн

Sony Mobile е цврсто уверен во својата визија и не ја менуваше драстично естетиката на Xperia Z смартфоните од премиум класата, но тоа може да се промени со Xperia P2 кој изгледа сосема различно со минимална рамка околу дисплејот, а под него се наоѓа ретро транспарентната лента со светла за нотификации.
 
 
Според првично откриените информации Sony Xperia P2 ќе располага со 5.2 Triluminos IPS дисплеј со резолуција од 1920 х 1280 пиксели, а ќе работи на осум-јадрен процесор. Измени ќе има и во Exmor RS камерата која сега ќе има 12 мегапиксели но, со поквалитетен сензор. Батеријата ќе располага со досега рекорден капацитет од дури 4240 mAh.
 
Сето ова изгледа импресивно на хартија, но прашање е дали Xperia P2 навистина ќе биде следниот потег на Sony Mobile бидејќи се уште е во рана фаза на шпекулации и нема голем број на релевантни извори на информации. Во секој случај ќе биде интересно доколку Xperia P2 навистина биде понуден на купувачите како нешто свежо и квалитетно.