Microsoft воведува вулгарни емотикони
Објавено на 07.05.2015 во Новости
Откако голем број на апликации за допишување беа мотивирани да воведат емотикони со различни раси и етнички припадности, како и вклучување на вулканскиот поздрав на Спок, сега Microsoft оди еден чекор понапред со официјална понуда на вулгарни емотикони кои ќе бидат дел од Windows 10.
Во големата борба за освојување на корисници изборот на различни емотикони е пресуден, па затоа Microsoft ќе ви дозволи на некого да му покажете и среден прст како израз на несогласување и лутина при разговорот. Затоа внимавајте што пишувате во пораките, за да не ве „откачат“ на овој начин.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Telefoni.mk.