Трансформација на iPhone 6 со HeloBack

Објавено на 26.05.2015 во Додатоци



Трансформација на iPhone 6 со HeloBack

iPhone 6 и iPhone 6 Plus се одлични смартфони но, токму нивната големина од 4.7 и 5.5 инчи може да биде проблематична за навигација низ менито бидејќи има само едно вградено копче под екранот кое ве води само на почетното мени. За решавање на овој проблем се погрижи стартапот HeloBack кој нуди специјална заштитна фолија за екранот на iPhone 6 во која е вградено и back копче за навигација низ менито.

Со HeloBack многу полесно ќе користите апликации за допишување каде често ги менувате контактите или пак скролате низ Facebook или Instragram, како и различни организациски и мултимедијални апликации. HeloBack заштитната фолија чини околу 20 долари во почетната фаза и може да се порача од KickStarter.