HTC вети сосема нова серија на смартфони

Објавено на 03.06.2015 во Новости



HTC вети сосема нова серија на смартфони

Шер Ванг директорката на HTC изјави дека до крајот на годината фановите може да очекуваат сосема нова серија на смартфони за која засега нема никакви детали, но може да се претпостави дека ќе видиме нови насоки во дизајнот, понуда на квалитетни компоненти, како и пониска цена со која ќе може да се спротистават на Samsung, HTC и кинеските брендови.
 
 
HTC е во состојба на преживување и сосема е јасно дека најновиот премиум смартфон HTC One M9 нема да им помогне да излезат од кризата, па затоа потребна е решителна акција со нови уреди.