Samsung - се враќаат ли телефоните на преклоп?

Објавено на 10.07.2015 во Новости



Samsung - се враќаат ли телефоните на преклоп?

Samsung подготвува нов модел на телефон на затварање - SM-G9198, за кој се предвидува дека ќе биде наменет за кинески пазар, но никогаш не се знае. Мора да признаеме дека не фаќа носталгија со овој „ретро“ модел. За SM-G9198 излегоа информации за перформансите - прилично солидни. Смартфонот има AMOLED дисплеј од 3.91 инчи, резолуција од 1280 x 768 пиксели, 64-битен 6-јадрен Snapdragon 808 процесор со 1.8 GHz и 2 GB RAM меморија. SM-G9198 носи со себе 16 GB простор за складирање на податоци, поддршка за мемориска картичка до 128 GB и 4G LTE конекција, а ќе функционира со Android Lollipop 5.1.1.



Исто како Galaxy S6 и S6 Edge моделите, така и SM-G9198 ќе има задна камера од 16 мегапиксели и предна од 5 мегапиксели. Се одликува со димензии од 119.7 x 66.6 x 16.7 мм, така што изгледа многу тенок, барем кога е затворен. Мали се шансите Samsung да се коцка со тоа што ќе го претстави овој модел на пазарите во Америка и Европа, затоа што таму не се присутни телефоните на преклоп, што не е ист случајот и со Азија. Стискаме палци да дојде и кај нас, а вие?