Microsoft ќе ги лансира Windows 10 уредите на IFA во септември

Објавено на 13.07.2015 во Новости



Microsoft ќе ги лансира Windows 10 уредите на IFA во септември

Microsoft ќе биде вториот мега бренд покрај Samsung кој ќе учествува на IFA саемот во Берлин што се одржува во септември и ќе се обиде да го одвлече вниманието од Galaxy Note 5 со сопствената серија на Windows 10 смартфони во премиум класата.
 
 
Ова ќе биде и прва самостојна промоција на Microsoft откако го превзеде Lumia сегментот на Nokia, па покрај смартфони очекуваме повеќе видови на нови уреди, како таблети, лаптопи и компјутери, што значи дека Windows 10 понудата ќе биде прилично богата на почетокот на есента.