Nokia Asha 300 – тачскрин за 100 евра

Објавено на 27.01.2012 во Рецензија



Nokia Asha 300 – тачскрин за 100 евра

Вовед
 
Nokia Asha 300 тешко дека е телефон кој ќе имате многу храброст да го извадите на маса кога седите на кафе или во ресторан, особено не кога постојат сите тие смартфони со едно чудо технологија и HD дисплеи. Но, ако сакате телефонче кое едноставно ќе ви „ја брка работата“ тогаш, ова е вистинското.
 
Сепак, не е сè така црно. Со неговиот процесор од 1GHz и камерата од 5 мегапискели, Asha 300 има за задача да го завртсти каде моментално доминира Nokia со Asha 303.
 
Тие два телефони ја делат меморијата и процесорот, но ајде да видиме дали има нешто што ги разликува овие два евтини телефончиња.
 
Предности
 
Поддршка за Quad-band GSM и tri-band 3G
2.4 инчен QVGA LCD дисплеј
Процесор на 1 GHz и 128MB RAM меморија
256MB ROM меморија
Asha S40 Touch и Type платформа
Камера од 5  мегапиксели со фиксенфокус
Втора VGA  камера која снима видео при 30fps
Stereo FM радио со RDS
Bluetooth v2.1 (with A2DP)
Стандарден microUSB port (плус за полнење)
USB On-The-Go поддршка
Слот за microSD каритчка (до 32 GB)
3.5mm аудио приклучок
Angry Birds ексклузивно за Asha
 
Недостатоци
 
Нема Wi-Fi
Нема multitasking
Камерата има фиксен, а не автоматски фокус
Нема паметно бирање
Нема видео повици


 
Што добивате со кутијата
 
Asha 300 доаѓа со стандардните работи како полнач и слушалки. Додека, ако сакате да ја употребите USB On-the-go, тогаш сами ќе треба да најдете microUSB кабелче бидејќи тука го нема. Исто така, нема ниту мемориска картичка.
 
Дизајн и дисплеј
 
Nokia Asha 300 го позајмува екранот од C3-01 и C5. Сепак, само екранот, а не и квалитетот на изработка. Asha 300 не е ниту близу елегантен како C3-01. Едноставноста на дизајнот и компактната големина се најпозитивните работи. Големиот дисплеј (во споредба со тастатурата), ја прави итнеракцијата со тач интерфејсот доста лесна.
 
2.4 инчниот дисплеј е сличен како кај 303, што значи не треба да бидете многу возбуден околу квалитетот на сликата. Рефлексијата на екранот е уште еден минус што ја отежнува работата во надворешна средина.

 
Во предниот дел, звучникот и микрофонот се интегрирани во тастатурата. На левата страна на Asha 300 нема ништо, додека на десната се наоѓаат контролите за звукот и копчето за заклучување. 
 
Телефонот се полни од врвот или преку полначот или преку microUSB портот, а веднаш до нив се наоѓа 3,5 мм аудио приклучок.
  
Задната страна на Asha 300 има две предности пред Asha 303 – камерата од 5 мегапиксели и малото звучниче најдолу.
 
Вистинскиот предизвик доаѓа кога треба да го отворите задниот поклопец на телефонот, за да дојдете до батеријата, а истовремено да не ја скршите маската. Сепак, таму ќе ја сретнете 1110 mAh BL-4U Li-Ion батеријата која издржува 600 часа на мирување или нешто над 4 часа на постојани разговори.


 
Интерфејс
 
Nokia Asha 300 работи на Series 40 софтверот прилагоден за допир. Веќе се сретнавме со оваа верзија кога го разгледувавме Asha 303, така што работите скоро и да не се променети.
 
Она што е променето е новиот екран за отклучување по принципот на „пролизгај за отклучување“, потоа има некои понови икони во стилот на Symbian-Anna.
 


Активниот standby мод (или основниот екран) го дели дисплејот на четири дела, секој со свој ефикасен видгет. Најгорниот дел од екранот е резервиран за показателите на статусот (времето, сигналот и сл). 
 
Како и обично, часовникот е на врвот, до него се наоѓаат социјалните  мрежи (Facebook, Twitter и Flickr), како и две кратенки на дното, при што секоја нуди пристап до четири по желба поставени функции или апликации.

 
Галерија на допир
 
Photos апликацијата кај Nokia Asha 300 нуди само еден начин на гледање, односно прикажува 12 слики како мрежа на екранот. 
 
Кинетичкото прегледување (скролање) и зумирањето на сликите се одвива релативно брзо, но анимацијата и за двете не е особено брза.
 
Исто така, тука имате и едноставен уредувач на слики, со обичните команди како crop/rotate, додади текст, clipart и некои ефекти како приспособување на светлина/контраст и боја.

 
Едноставен, но добар музички плеер
 
Музичкиот плеер кај Nokia Asha 303 нема доживеано никакви промени, освен што поддржува допир. 
 
Песните може да се сортираат по изведувач, албум и жарн. Плеерот нема никаков проблем со разни формати и тоа: AAC, AAC+, eAAC+, MP3, WMA, AMR-NB. 
 
Камерата има различен карактер
 
Nokia Asha 300 има камера од 5 мегапиксели со фиксен фокус која испорачува слики со максимална резолуција од 2592 x 1944 пиксели. Интерфејсот на камерата е надграден, па сега личи многу на Symbian.

 
На самиот екран ќе го пронајдете само виртуелното копче за сликање, додека со допир на екранот добивате пристап до повеќето контроли – индикатори (број на останати слики, резолуција и white balance), контроли за дигитален зум и три кратенки – да смените на видео камера, галерија и self-timer.
 
Квалитетот на сликата не е лош за камера од 5 мегапиксели. Сликите се малку „noisy“, но доволно светли и со живи бои. Единствен проблем се сенките и поодалечените детали.
 
Добар пребарувач 
 
Nokia Asha 300 доаѓа со неверојатно брз пребарувач кој без проблем ги отвора повеќето страници, додека преку екранот на допир ги нуди опциите кои ќе ги најдете кај многу други смартфони на допир, како зумирање и скролање со помош на прсти.
 
Сепак, и покрај споментата поддршка за Adobe Flash Lite 3.0, пребарувачот не поддржува Flash. Ако сакате да гледате некое YouTube видео, ќе треба да се потрпете на мобилната верзија за страната. Сепак, малиот екран и не ви овозможува кој знае колку минувате време гледајќи видеа.

 
Игри
 
Сопствениците на Nokia Asha 300 и 303 ги чека ексклузивна игра во Nokia Store - Angry Birds. А, што е најинтересно е тоа што ги има сите функции и работи како кај верзиите на iOS или Android платформите.
 
Социјални мрежи
 
Во Nokia Asha 303 апликацијата за социјални мрежи добро си ја врши работата. Тука имате интеграција на акаунти за Facebook, Twitter, Orkut и Flickr.

 
Facebook поддржува неколку познати работа како прегледување и пишување на пораки и настани, операција со понуда за пријтелство и други известувања. Исто така, можете да им пушувате на „ѕидот“ од профилот на пријателите, да испраќате слики, менувате статуси, читате новини итн.
 
Заклучок
 
Новата Asha серија доби сличен приоритет од Nokia како и Lumia што значи дека тоа и е важно на компанијата како серија. Според кажаното, S40 ќе игра за второ место, веднаш по Windows Phone.
 
И додека Windows Phone треба да и помогне на Nokia да се врати во големата лига со смартфони, Asha е тука да и го обезбеди местото во понискиот сегмент каде нема некои огромни промени.

 
Asha 300 е опцијата за оние кои не сакаат QWERTY тастатура, како кај Asha 303. Сепак, не ја менувате само тастатурата, туку и опцијата за бежична конекција. Но, затоа пак, добивате подобра камера – не е со фиксен фокус, но сепак прави добри слики.
 
Со цена од околу 100 евра, Asha 300 е меѓу најевтините телефони која нуди екран на допир.
 
Што мислите вие за телефончево? Пишете ни ТУКА.
 
Владимир Ѓуров
Автор: Aleksandar Stankov




Прочитајте повеќе: