Се спојуваат Instagram и Facebook Messenger - Како ќе реагираат корисниците?

Објавено на 30.09.2020 19:32 во Рецензија


Се спојуваат Instagram и Facebook Messenger - Како ќе реагираат корисниците?

Оцени

usability
10.0


Перформанси
10.0


Цена
10.0


Камера
10.0


резултат
10.0


Наши забелешки

Positives:

 

- Поголема флексибилност на корисниците кои се само на една платформа за поврзување

 

Negatives:

 

- Страв од голем монопол и концентрирање на моќ



Целата рецензија

Гигантот Facebook започна со интеграција и спојување на засега двете издвоени мобилни апликации Instagram и Facebook Messenger. Корисниците на двете издвоени платформи ќе може да се допишуваат од една на друга апликација и прашање е како на ова спојување ќе реагираат корисниците.

Нови алатки за Instagram како мамка за младите

Главен фокус на Facebook ќе биде да го збогати менито со алатки на Instagram Direct, односно делот од апликацијата што е наменет за испраќање на пораки.

Засега корисниците на Instagram може да се допишуваат, да си испраќаат слики и да воспоставуваат видео повици. Со интеграцијата бројот на услуги на Instagram Direct значително ќе се зголеми. Покрај стикери, емотикони и гифови, корисниците ќе може да одберат опција за автоматско бришење и исчезнување на испратените пораки, да одберат боја на чатот, да испраќаат прилагодени емоџи, како и да блокираат контакти.

Исто така се планира да се воведе опцијата Watch Together која овозможува заедничко гледање на видеа со вашите пријатели за време на еден видео повик.

Дали младите ќе се фатат на мамката?

Сите овие додатоци ќе бидат воведени со цел корисниците на Instagram кои се претежно млади и немаат потреба од профил на Facebook да ја прифатат интеграцијата со Facebook Messenger.

Сосема е јасно дека публиката на Facebook старее и оваа мрежа повеќе не е "ин" како пред неколку години. Од друга страна пак Facebook како издвоена социјална мрежа и натаму е златната кокошка на Марк Цукерберг од каде влече многу податоци за навиките на корисниците и има огромна продажба на реклами.

Спојот со испраќањето на двете мрежи ќе овозможи тие што имаат само Instagram, а користат страни на Facebook за продажба директно да бидат контактирани на Instagram Direct без да има потреба од инсталирање на Facebook Messenger.

Се поголем монопол кој е тешко да се растури

Ваквите чекори нужно ќе водат кон нов надзор од страна на регулаторните тела во САД и Европската Унија бидејќи Facebook ќе ја има целосната контрола над сите канали за мобилно испраќање на пораки. Ако се додаде фактот дека и WhatsApp со енкрипција на комуникацијата е во нивна сопственост, тогаш антимонополските истраги мора да бидат преземени.

Планот на Цукерберг е премногу амбициозен и прави корисниците да бидат зависни и од двете платформи со сите алатки за бизнис профили, за деловни страници, канали на промоција и продажба.

Од една страна ќе има поедноставување за многумина корисници кои ќе видат бенефиции од спојувањето на Facebook Messenger и Instagram, но од друга страна премногу моќ ќе биде сконцентрирана на едно место.

Дали ви се допадна рецензијата? Ако имате нешто да дополните ве молиме напишете коментар


За авторот

Христијан Станоевиќ
Author Image
Дипломиран новинар