Cyberpunk 2077 наместо игра на годината стана најголемото разочарување?

Објавено на 30.12.2020 21:14 во Рецензија


Cyberpunk 2077 наместо игра на годината стана најголемото разочарување?

Оцени

usability
0.0


Перформанси
0.0


Цена
0.0


Камера
0.0


резултат
0.0


Наши забелешки

Positives:

 

Negatives:



Целата рецензија

Cyberpunk 2077 е играта која се очекуваше речиси 10 години по најавата на полското уникатно студио за видео игри CD Projekt RED кое стои зад наслови од франшизата The Witcher. И сега кога веќе конечно Cyberpunk 2077 е достапна и сите очекуваа лесно да ја освои титулата игра на годината, следеше големо разочарување и кај гејмерите и кај критичарите.

Што се случи по ѓаволите?

Јасно е дека Cyberpunk 2077 неколку години беше одложувана и датумите за лансирање беа често поместувани и кога 12 декември беше поставен како конечен датум на пласман практично серверите на Steam крашнаа поради огромниот интерес, додека пак пиратските сајтови триеја раце од зголемениот интернет трафик.

Cyberpunk 2077 најавувана како уникатна футуристичка игра со отворен свет, огромен број на можности за интеракција со ликовите, разни сценарија за исполнување на задачите и непресушни RPG елементи, се покажа дека всушност е само игра.

Игра како и секоја друга, бидејќи искрено не нуди нешто револуционерно ново, а проблемот со баговите прави светот на Night City и да не ви биде нешто посебно атрактивен за да ви создаде зависност од која нема да сакате да излезете со денови.

Девелоперите практично со месеци работеле прекувремено, односно најмалку шест дена во неделата и со дупли смени. Тим лидерите на секоја група делеле токени за исполнети таскови по што се воспоставил систем на добивање на бонуси. Целата таа нездрава работна средина каде вработените се мотивираат да работат до степен на исцрпување, дури и тоа да е платено екстра, покажа дека не е резултат за совршената видео игра.



Багови за кои ќе треба месеци да се отстранат

Генералниот впечаток е дека Cyberpunk 2077 е преполна со багови, и не од тие кои се вообичаени за масовни видео игри, туку за багови кои ја кочат приказната и целата активност во отворениот свет на Night City.

Од аспект на приказната често се случува репликите кои ги изговараат ликовите за време на полусцените кои се вовед во следниот сегмент да доцнат или воопшто и да не почнат. Тоа влијае на трпението на гејмерите, а да се разбереме за игра како Cyberpunk 2077 која е прилично story driven, нив ги има и премногу.

Непотребното брзање да се фати доведе до тоа и сред мисија да се појави баг од кој нема враќање. На пример во мисијата кога ве бркаат дронови вашето оружје воопшто не се појавува. Мораше неколку пати да ја рестартираме играта, инаку ќе останевме заглавени на истото ниво без никаква можност за напредок.

Светло на крајот на тунелот

Cyberpunk 2077 ќе значи нарушена репутација на култното студио CD Projekt RED кое ќе мора многу да се потруди за да ја врати довербата на фановите и колку толку во наредниот период да ги поправи сите грешки во играта. Нив ги има премногу, вештачката интелигенција во отворениот свет прави глупи движења, колите знаат да летнат, целата сцена на моменти изгледа пренатрупано и мактрпно за исполнување на интересните сајдквестови, а интиутивноста за играчите кои сакаат поголема слобода во исполнување на задачите често е нарушена со неразбирливи препреки.

Cyberpunk 2077 има солидна главна приказна, нуди интересен поглед на самиот футуристички жанр и интересни ликови кои го привлекуваат вниманието. Но, се додека не се добие функционална игра ќе остане најголемо разочарување годинава во светот на гејмингот.

Дали ви се допадна рецензијата? Ако имате нешто да дополните ве молиме напишете коментар




За авторот

Христијан Станоевиќ
Author Image
Дипломиран новинар