HTC Aero ќе добие екстра голема верзија

Објавено на 27.07.2015 во Новости



HTC Aero ќе добие екстра голема верзија

HTC е решен да се врати на патеките на успехот и во октомври да понуди нешто сосема ново по само половина година од пласманот на HTC One M9 кој има очајна слаба продажба и претставува голем финансиски неуспех. Затоа најпрво откривме за новиот HTC Aero како многу помоќен со нов дизајн, а сега дознаваме дека ќе има и втор модел кој ќе ја пополни потребата за голем дисплеј со дополнителни можности.
 
HTC Aero доаѓа со Quad HD дисплеј и 2.5D ефект
 
Според најновите информации HTC Aero Plus ќе располага со 5.7 инчен Quad HD дисплеј, 4 GB RAM, осум-јадрен Snapdragon 820 процесор, подобрена 20 мегапикселна камера, батерија со голем капацитет од 3500 mAh и најнова верзија на Android.