Тестовите покажаа дека iPhone 6s Plus има фантастична батерија

Објавено на 30.09.2015 во Новости



Тестовите покажаа дека iPhone 6s Plus има фантастична батерија

Првите бенчмарк тестови на комбинирана активност на iPhone 6s Plus покажаа дека фаблетот на Apple има фантастична батерија која може да издржи активна работа од 9 часа и 11 минути што е идентично како и кај фаблетот Samsung Galaxy Note 5. Сепак, предноста на iPhone 6s лежи во внатрешната оптимизација и прилагодувањето на софтверот бидејќи техничките тестови откриваат капацитет од само 2750 mAh, а Galaxy Note 5 залудно има поголема батерија од 3000 mAh.

Од друга страна пак, за целосно полнење на капацитетот на батеријата ќе ви бидат потребни 165 минути. Лидер на тестот е Motorola Droid Turbо кој има батерија со капацитет од 4000 mAh, а достигнува максимална работа од 10 часа и 42 минути.





Прочитајте повеќе: