BlackBerry PRIV - првото официјално видео

Објавено на 19.10.2015 во Новости



BlackBerry PRIV - првото официјално видео

Порано BlackBerry беше поим за смартфон, особено во бизнис секторот. Веројатно BlackBerry PRIV е последната шанса на компанијата да се пробие на пазарот, кој воведува Android оперативен систем за прв пат, со автентичен BlackBerry дизајн. 

Тастатурата е најинтересен дел од целокупниот дизајн, која може да се вади по потреба, а инаку можете да пишувате и на дисплејот чувствителен на допир. PRIV се одликува со 5,4 инчен QHD дисплеј со закривени рабови, Snapdragon 808 процесор, 3GB RAM меморија и 3410 mAh батерија. Телефонот е навистина солиден, погледнете го првото официјално видео одозгора. 

Автор: Aleksandar Stankov