Шефот на Facebook има интересен распоред за вработените

Објавено на 22.11.2015 во Новости



Шефот на Facebook има интересен распоред за вработените

Шефот на Facebook има интересен распоред за вработените, кои ги мести покрај своето биро, во зависност на кој продукт се фокусира во моментот. Тоа е сосема во ред, исто како што Џобс ги шармираше своите вработени кога му беа потребни конкретни луѓе за конкретен производ. Компанијата Facebook во моментот работи на многу големи проекти, од кои: вештачка интелигенција, виртуелна стварност и дронови. Еден од вработените сликовито го прикажува уредувањето на вработените.

Марк Цукерберг секогаш ги мести екипите што ги поставил да работат на нови идеи и области, кои за него се од особена важност. Сака во моментот да се фокусира на одредено нешто и сака тимот постојано да биде покрај неговото биро. Јан Лекун, првиот човек за истражување во полето на вештачката интелигенција во Facebook вели дека Цукерберг го менува распоредот во зависност од темата што го интересира во моментот. 

Го знаеме случајот од претходно, кога течела подготовката за лансирањето на Timeline во 2011 година, Цукерберг барал во негова близина да бидат ко-основачот на Instagram Кевин Систром и клучните дизајнери.