Microsoft Surface Earbuds слушалките ќе чинат 199 евра
Објавено на 24.04.2020 во Новости
Microsoft влегува во играта со сопствено решение за безжични Bluetooth слушалки кои ќе може да се поврзат со било кој мобилен уред, а треба да понудат конкуренција на премиум брендовите.
Microsoft Surface Earbuds слушалките според најновите информации ќе се продаваат по цена од 199 евра секако во зависност од самиот пазар. На тлото на Европа продажбата на Microsoft Surface Earbuds слушалките ќе започне на 5 мај.
Со Microsoft Surface Earbuds активно може да слушате музика 8 часа и дополнителни 16 часа преку куќиштето за полнење кои исто така треба посебно да го наполните за околу час и половина за целосен капацитет.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Telefoni.mk.