Spotify размислува да воведе и видео спотови

Објавено на 22.06.2020 во Новости



Spotify размислува да воведе и видео спотови

Spotiy лавовски се бори за да остане релевантен во музичкиот стриминг откако конкуренти како Apple и Google бесмилосрдно настапуваат со нивните производи, па токму затоа неопходни се и иновации. 

Една од можните иновации на Spotify музичката платформа е воведување на видео спотови. Така корисниците кога ќе ја преслушуваат песната ќе може да го погледнат и официјалното видео од артистот. 

Засега новитетите во сегментот Now Playing на Spotify се во тест фаза и нема конкретни информации кога ќе бидат официјално применети.

Автор: Aleksandar Stankov




Прочитајте повеќе: